Милан и Атлетико водат преговори: „Росонерите“ добиваат нов напаѓач!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Милан веќе десет години се обидува да се врати во врвот на европскиот фудбал, но едноставно не им успева тоа.

„Росонерите“ летово ангажираа пет фудбалери, со кои ќе се обидат да постигнат поголем успех во следната сезона, но во моментов сакаат уште еден играч.

Станува збор за Анхел Кореја од Атлетико Мадрид. Италијанскиот клуб за него испрати понуда од 40 милиони евра, која Шпанците не сакаа да ја прифатат, односно бараат 55 милиони евра.

Сепак, преговорите се во тек, па се очекува епилог до крајот на месецот, а италијанскиот клуб се надева дека ќе најде заеднички јазик со шпанската екипа.

Напаѓачот минатата сезона постигна три гола во шпанската Ла лига на 36 меча.