Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона и Реал Мадрид водат битка за во своите редови да го доведат Нејмар, па Бразилецот после две години би можел да се врати во Шпанија.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, го коментираше можното враќање на Нејмар во Шпанија и рече дека би бил среќен доколку тоа се случи.
Сепак, тој смета дека присуството на Барзилецот не е толку важно како она на Лионел Меси.
„Да, секако би сакал да се врати Нејмар. Со своите квалитети тој е помеѓу првите тројца играчи во светот. Би било многу важно за Ла Лига ако дојде повторно, иако не би било пресудно за шпанската лига“, изјави Требас за Марка
„Она што е најважно е дека играме 10 месеци годишно со 20 клубови кои играат едни со други и ствараат страст и радост секој викенд за навивачите во Шпанија и ширум светот“.
„Поради Нејмар ќе ве следат во земјите каде сакаат да го гледате, но тој не е важен елемент за лигата, ниту пак Роналдо беше, Лионел Меси од друга страна е важен елемент, бидејќи е наследство на Ла Лига“, додаде Тебас.