Братот на Погба призна, Реал Мадрид пред уште едно големо засилување!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба се поврзуваше со Реал Мадрид летово, но засега не се пресели во шпанскиот гигант, иако не се исклучува можноста тоа да се случи до крајот на преодниот рок.

Погба сака нов предизвик во кариерата, но тешко може да се очекува дека Јунајтед ќе го пушти Французинот да замине сега бидејќи во Англија е завршен трансфер-периодот.

Сепак, братото на Погба, Матијас ги „запали“ фановите на Реал, откако кажа дека тој би можел да се пресели во Мадрид.

„Иднината на Пол? Тоа зависи од Реал Мадрид и Манчестер јунајтед! Англичаните треба да сакаат да го продадат, а Шпанците да го купат“, кажа Матијас.

„Црвените ѓаволи“ бараат 150 милиони фунти за Погба, па останува да видиме дали „кралевите“ ќе се согласат на такво нешто.