Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) соопшти дека ја разгледува можноста да му даде долга казна на Ник Кирјос по неговата изјава дека организацијата била корумпирана.
Според правилата на АТП, „голема казна“ може да биде износ освоен на турнир, па дури и суспензија од една година.
Кирјос на конференцијата за медиумите по првиот меч на Ју-Ес Опен, во кој го победи Стив Џонсон, кажа што мисли за казната од 100.000 долари, која му беше одредена откако скрши два рекети во Синсинати.
„Зошто воопшто зборуваме за такви работи, кога штотуку совладав некој во првото коло на Ју-Ес Опен“, праша Кирјос.
Кирјос во претходниот период често беше казнуван поради разни глупости, а дури и во 2016 година беше суспендиран.