Аналитичар ги потцени фудбалерите на Ц. Звезда: Тие се водоинсталатери… (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На „Скај Спортс“ синоќа беше следена ждрепката за Лигата на шампиони, а стручните коментари и аналитичари дадоа свои мислења за извлечените групи.

Кога дојде на ред Групата Б во која освен Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос се најде и Црвена Звезда, збор зема поранешниот фудбалер Стивен Ворнок.

„Тоа што сигурно ќе го добиете кога гостувате таму се многу страствени фудбалери. Да, тоа е место на кое владее непријателска атмосфера, а тие се исто така вработени на одредено време. А потоа сфаќате дека минатата година играле во Лигата на шампиони. Многумина од тие фудбалери работат како водоинсталатери и слично. Тоа само по себе е импресивно…“, кажа Ворнок.

Црвена Звезда новата сезона во Лигата на шампиони ќе ја отвори со гостувањето против Баерн.