Руски фудбалер со спектакуларни одбрани спаси два сигурни гола (ВИДЕО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерот на Ростов, Евгениј Чернов на спектакуларен начин ја спаси мрежата на својот тим на мечот од Премиерлигата во Русија против Локомотива Москва.

Чернов за само неколку секунди спаси два сигурни гола. Најпрво ја расчисти топката од гол-линијата, а потоа се фрли со телото и го запре шутот на фудбалерот на Локомотива.

Во двата случаи домашните навивачи веќе ја видоа топката во мрежата, но Чернов беше вистински херој.

Ростов направи изненадување, па ја победи Локомотива во Москва со 2-1 и ја презема лидерската позиција, а најголема заслуга за тоа дефинитивно има Чернов.