Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус, Емре Џан не е дел од списокот на фудбалери на италијанскиот тим за Лигата на шампиони, па така тоа предизвика незадоволство кај него.
Германскиот фудбалер не беше регистриран за елитното натпреварување и тоа претставува јасен знак дека тренерот Маурицио Сари не смета сериозно на неговите услуги.
„Не можам да верувам. Разговаравме, а не добив никакво објаснување. Нервозен сум поради одлуката. Мора да разговараме повторно кога ќе се вратам. Јас го одбив ПСЖ, а тие ме измамија“, порача Џан за германските медиуми.
Покрај Џан, кој минатото лето стигна од Ливерпул, за Лигата на шампиони не е регистриран ниту Марио Манџукиќ.