Мане урна неверојатен рекорд во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул во последните две сезони игра многу добро, па руши рекорди во Премиерлигата.

Речиси две недели по мечот со Арсенал, од Ливерпул објавија дека нивниот фудбалер урнал неверојатен рекорд.

Мане настапи против Арсенал, кој загуби од Ливерпул со 1-3, а тоа на напаѓачот му беше 50. меч во серија во Премиерлигата на „Енфилд“ без пораз.

Тој стигна во Ливерпул во 2016 година, а од тогаш англискиот гигант не загуби ниту еден меч во Премиерлигата.

Тие запишаа дури 40 победи и 10 нерешени резултати. Интерено е тоа што серијата почна на „Енфилд“ против Саутемптон (1-1).