Четири од четири за Србите: Србија го декласираше Порторико!

Српската кошаркарска репрезентација одлично ја отвори втората фаза од натпреварувањето на Светското првенство против Порторико.

Избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ првиот дел од турнирот го завршија со три победи, а денеска го декласираа Порторико со 90-47.

Уште по првата четвртина беше 23-14, додека Србија на полувремето стигна до 49-26 и тогаш беше јасно дека тие ќе стигнат до уште една победа.

На крајот имаше простор за малку трикови, а Србија на крајот славеше со убедливи 43 поени разлика.

Немања Бјелица ја предводеше Србија со 18 поени, Бобан Марјановиќ постигна 16, а Никола Јокиќ дури 14 поени. А на другата страна на теренот најефикасен беше Дејвис Хуертас со 11 поени.