Ливерпул не планира да му понуди нов договор на Ван Дајк


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Иако во медиумите излезе информација дека Ливерпул подготвува нов договор за Вирџил Ван Дајк, таа вест веднаш беше демантирана.

Медиумот близок до клубот од „Енфилд“, „Ливерпул Ехо“ пишува дека Ливерпул не планира да му понуди нов договор на својот најдобар фудбалер.

Во Холандија излегоа шпекулации дека Ван Дајк е пред потпишување на нов долгогодишен договор по кој ќе заработува 200.000 фунти неделно, наместо сегашните 120.000 фунти неделна плата.