Роналдо со покер голови против Литванија сруши неколку рекорди


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Репрезентацијата на Португалија со 5:1 славеше на гостувањето кај Литванија, а предводник кон победата беше Кристијано Роналдо со четири погодоци.

Со овие четири голови Роналдо стана првиот европски  фудбалер кој за својата репрезентација постигнал над 90 голови. Роналдо има вкупно 92 и само иранецот Али Даеи со 109 голови е пред него.

Исто така Литванија е 40. различна репрезентација против која Роналдо ја тресел мрежата. Исто така вреди да се спомене дека со 24 голови е рекордер во квалификациите за Европските првенства.