Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога некој ќе потпише за Реал Мадрид воглавно тоа е како е исполнување на сонот. Слично беше и со Лукас Силва, кој на Сантијаго Бернабеу пристигна во 2015. година.
После одличните партии во дресот на Крузеиро, Силва беше прогласен за најдобар дефанзивен везен во бразилската Серија А, а како награда пристигна трансферот во Реал.
„Многу сум среќен и мотивиран. Дојдов во Реал да учам, но и да помагам“, рече Силва тогаш на претставувањето.
Меѓутоа после ветувачкиот старт полека исчезна од сцената, па Реал најпрво го прави на позајмица во Марсеј, каде не успеа да се наметне, па потоа беше пратен на позајмица во Спортинг.
Но, за клубот од Лисабон никогаш не заигра со обзир на тоа што поради неправилно работење на срцето не ги помина лекарските прегледи и не потпиша договор, па се враи во Крузеиро на двегодишна позајмица.
Овој 26-годишник ова лето се врати во Реал, но без обзир на своите најдобри намери, едноставно се виде дека не е калибар за Лос Бланкос, па на почетокот на септември го раскина договорот со мадридскиот клуб.
Скоро пет години по потпишувањето за еден од најголемите клубови во светот, Силва сега е без ангажман и тоа во годините кога би требало да го доживее врвот на својата кариера.