Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Цело лето траеше сагата за потенцијалниот трансфер на Нејмар, кој тоа и лично го бараше од претседателот на ПСЖ. Меѓутоа, тој не се врати во Каталонија, а навивачите на клубот од Париз му се лути на Бразилецот.
Во текот на мечот против Стразбур навивачите постојано го исвиркуваа Нејмар кога ќе ја добиеше топката, а токму тој во финишот го спаси ПСЖ со неверојатен гол за победа од 1-0.
По мечот Нејмар ја опиша својата фрустрација поради ПСЖ, кој не го пушти летово да замине од клубот.
„Сите знаат дека сакав да си заминам и тоа јасно го кажав. Нема да зборувам за детали, зашто тоа влијае на клубот. Меѓутоа, јас сум и понатаму фудбалер на ПСЖ и фокусиран сум на предизвиците. Моја желба беше да заминам и се надевам дека ова е последен пат како зборувам за тоа“, вели Нејмар.