Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едуардо Камавинга (16) е избран за играч на месецот во француската Лига 1.
Сојузот на француските професионални фудбалери му додели награда за најдобар играч на месецот на одвај 16-годишниот дебитант кој веднаш ја воодушеви француската јавност.
Анголецот кој игра за Рен ги воодушеви сите со својот талент, а со неговите игри во дресот на овој клуб во неговиот осми месец од кариерата тој успеа да земе награда за најдобар играч.
Позади себе ги остави Зинедин Ферхат од Нимес и голманот на Тулус – Баптиста Рејнет.
Непотребно е да се каже дека Камавинга е најмладиот добитник на ова достигнување во историјата на францускиот фудбал.
Камавинга веќе две години по ред со својата фамилија живее во Франција, а за Рен во пет лигашки натпревари за оваа сезона тој запиша една асистенција.