Потпишуваш за Челси, играш за полицијата, ама навистина – 38 сини пратени на позајмица


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Од Англија преку Холандија и Германија, па се до Турција.

Последниот ден од преодниот рок навивачите чекаат засилувања, а Челси ги доведе Маркос Алонсо и Давид Луиз, но во сенка на 11 заминувања. И сите на позајмица. И далеку од тоа дека е нешто посебно чудно на Стемфорд Бриџ. Следната сезона лондонскиот клуб ќе има 38 фудбалери на калемење во други клубови.

Не се сите младинци, некои имаат 18 години, некои 21 или помалку. Другите се постари. И играат дури во 8 држави и 14 различни лиги.

Манчестер Сити е следен на листата со 17, па следуваат Ливерпул и Вест Хем со 12 фудбалери.

Англија – Нејтан Аке (Борнмут), Патрик Бамфорд (Барнли), Кенеди (Вотфорд), Лоик Реми (Кристал Палас), Тами Абрахам (Бристол Сити), Кристијан Атсу (Њукасл), Ајзеа Браун (Ротерам), Томас Калаш (Фулам), Кејси Палмер (Хадерсфилд), Лукас Пиазон (Фулам), Џејк Кларк Солтер (Бристол Роверс), Чарли Колкет (Бристол Роверс), Мичел Бини (Кроли Таун), Џамал Блекмен (Вукомб), Алекс Дејви (Кроули Таун), Џордан Хјустон (Донкастер), Алекс Кивомја (Крев), Нејтан Бакстер (Метрополитан Полис), Дион Конрој (Алдершот),

Холандија – Луис Бејкер (Витесе), Мет Мијазга (Витесе), Нејтан (Витесе), Данило Пантиќ (Ексцелсиор), Бертранд Траоре (Ајакс)

Германија – Баба Рахман (Шалке), Андреас Кристенсен (Борусија Менхенгладбах), Мајкл Хектор (Ајнтрахт Франкфурт)

Белгија – Кристијан Куевас (Ст.Труден), Матеј Делач (Мускрон), Ислам Феруз (Мускрон)

Шпанија – Беканти Викторијен Ангбан (Гранада), Џереми Бога (Гранада), Чарли Мусонда (Бетис)

Турција – Кенет Омеруо (Аланија)

Од сите фудбалери кои минатата сезона беа на позајмица само Виктор Мозес, Натанија Чалобах и Доминик Соланке се во конкуренција за тимот на Антонио Конте.