Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан се наоѓа во огромни проблеми на кормилото на Реал Мадрид, откако доживеа вистински бродолом во Париз, односно загуби со 0-3 против ПСЖ во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.
Зидан ќе ја менува формацијата 4-2-3-1 која не даде резултат, па поради тоа против Севиља ќе го има Серхио Рамос на располагање, но во глава му се две опции, 35-2 која ја проба во два меча на подготовките или 4-4-2.
Сепак, оваа формација нема да му одговара на српскиот напаѓач Јовиќ, зашто во 4-4-2 најверојатно Васкез и Бејл ќе играат на крилните позиции, а во нападот ќе бидат Азар и Бензема.
Србинот е во втор план, посебно по паузата и враќање на Азар, па останува да видиме што ќе се случи со талентираниот напаѓач.