Нема шегување со Конте: Уште еден фудбалер ќе „летне“ од тимот!?

Тренерот на Интер, Антонио Конте најголемо внимание посветува на дисциплината, па по доаѓањето во Интер веднаш ги избрка тие за кои сметаше дека не се доволно дисциплинирани.

Мауро Икарди и Раџа Наинголан беа приморани да заминат од Интер по пристигнувањето на Конте, а очигледно италијанскиот клуб најде уште еден недисциплиниран фудбалер.

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ се скара жестоко со Ромелу Лукаку по ремито со Славија Прага, а соиграчите морале да ги спречат за да не се степаат.

Поради тоа Конте ќе го испрати Брозовиќ на „ладење“ и тоа два дена пред дербито со Милан на „Сан Сиро“, кое почнува од 20.45 часот.