Антони Џошуа јавно доби нов предизвик


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека се припрема за реваншот против Енди Руиз кој е закажан за 7. Декември во Саудиска Арабија, Антони Џошуа доби нов предизвик.

Некогашниот шампион на светот во четири категории јавно го повика шведскиот боксер Ото Валин, момчето кое неодамна го имаше во рака ајсон Фјури.

Швеѓанецот имаше многу добар меч против Фури. Тој успеа да му нанесе голема штета, а му отвори и огромна рана над окото која на Фјури му донесе дури 47 конци.

Меѓутоа, на крајот Фјури успеа да ја преброди оваа тешка повреда и да го добие мечот на поени, но Валин со него сака реванш, но го повика и Џошуа преку својот тренер Димитриј Салит.

„Ото би можел да биде многу подобар во реваншот. Уверен сум дека тој би победил во реваншот.“, рече Салит и продолжи:

„Разговаравме претходно за мечот против Џошуа. Требаше да влеземе на местото на Жарел Милер во Јуни, но Руиз доби шанса и го шокираше светот. Го сакаме Џошуа наредната година во Велика Британија“, препорача Салит.

Валин во минатото беше спаринг партнер на Џошуа и сигурно ги знае сите негови слабости во рингот.