Зидан се пожали и откри кој е најголемиот проблем во моментов на Реал Мадрид


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се соочува со големи проблеми на стартот на сезоната, па поради тоа забележа и послаби резултати во шпанското првенство и Лигата на шампиони.

На стартот на сезоната на „кралевите“ им се повредија многу фудбалери, меѓу кои беа Герет Бејл, Еден Азар, Тони Крос, Менди, Лука Модриќ, Марсело…

„Имаме премногу повредени фудаблери. Ние се грижиме за нив, но и покрај тоа не може да се избегнат повредите. Тоа во моментов е најголемиот проблем на клубот и се надевам дека нови повреди нема да ни создадат дополнителни проблеми“, кажа Зидан.

Календарот е и тоа како набиен, а „кралевите“ вечерва играат против Осасуна, додека во сабота е градското дерби против Атлетико Мадрид.