Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мароканецот Адел Тарабт денес игра во редовите на Бенфика каде не добива многу шанса и со 30 години се обидува да ја оживее својата кариера.
Овој офанзивец своевремено важеше за еден од најталентираните светски фудбалери, а многуминаму предвидуваа блескава кариера. Сепак тој не се снајде најдобро, па откако промени неколку клубови сега игра во Бенфика каде одреден период помина и со вториот тим на португалскиот клуб.
„Кога бев помлад луѓето ми зборуваа дека имам потенцијал да играм за Реал Мадрид и Барселона. Тоа дури во еден момент ми го кажа и Лука Модриќ. За жал тоа никогаш не се случи. Не поради другите, туку поради мене самиот. Јас сум виновен“ –изјави Тарабт за „ФорФорТу“.