Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралискиот тенисер Ник Кирјос доби последно предупредување пред исклучување од Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП).
АТП почна постапка против Кирјос поради неговото однесување, а поради тоа што го направи на турнирот во Синсинати беше казнет со 25.000 долари и суспензија од 16 недели.
Меѓутоа, доби и шестмесечни пробен период во кој не смее да направи ниту еден инцидент, а ако тоа се случи на крајот, тој ќе мора да се збогува со тенисот.
Сепак, ако биде мирен во следните месеци казната ќе му биде прекината, а тоа е многу веројатно, зашто прашање е дали поради повреда ќе успее да заигра повторно во следните месеци.
Да потсетиме, Кирјос во Синсинати плукна и навредуваше судија и за тоа беше казнет со 113.000 долари од страна на организаторите.