Јунајтед најде замена за Солскјер, но ќе мора да ја плати – 35 милиони евра!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед не ја почна сезоната како што планираше, па поради тоа тренерот Оле Гунар Солскјер се соочува со голем притисок, а доколку не ги подобри резултатите, тогаш би можел да „летне“ од „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми денеска пишуваат дека Јунајтед има подготвено замена за Солскјер, па доколку Норвежанецот заработи отказ, „ѓаволите“ ќе го ангажираат тренерот на нивниот ривал Тотенхем, односно Маурицио Покетино.

Сепак, единствен проблем е тоа што Аргентинецот попиша нов договор минатата сезона со лондонскиот клуб, па сега Јунајтед ќе мора да платат неверојатни 35 милиони евра доколку сакаат да го добијат одличниот стратег.

Но, Јунајтед не е единствен клуб заинтересиран за Покетино, откако претходно шпанските медиуми го објавија планот на Реал Мадрид, кој ќе се обиде да го добие потписот на тренерот.