ПСЖ има ново „чудо“: Фудбалер во „сенка“ на Нејмар постигна неверојатен резултат! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар е главна ѕвезда на ПСЖ, откако ги реши последните неколку натпревари, но во негова „сенка“ беше Идриса Геј.

Геј во дресот на ПСЖ пристигна летово од Евертон и Сенегалецот брзо се прилагоди во новата средина, а во дресот на францускиот шампион одигра шест меча.

Во тие шест дуели ПСЖ оствари шест победи, а интересно е тоа што постигна 12 гола (два по меч) и не прими ниту еден.

Кога Геј настапуваше, ПСЖ славеше против Тулуз со 4-0, Мец со 2-0, Стразбур со 1-0, Реал Мадрид со 3-0, Лион со 1-0 и Бордо со 1-0.

И понатаму е во „сенка“ на Нејмар, Килијан Мбапе и останатите, но дефинитивно заслужува да се спомене.