Џампаоло објасни: Милан игра убав фудбал!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Милан во моментов се наоѓа на 13. место во италијанската Серија А, па во шестото коло ја пречекува Фиорентина, која во минатото коло ја запиша првата победа.

Ова ќе биде голем испит за двете екипи, но посебно за тренерот на Милан, Марко Џанпаоло.

„Единствена лоша работа што ја направивме во Торино е тоа што не го завршивме мечот кога имавме шанси, но играта покажа дека сме на вистински пат. Уживав во поголемиот дел од средбата, игравме убав фудбал“, вели Џампаоло.

Голема бура се крена по неуспехот, но раководството на „росонерите“ порача дека му верува на тренерот, а на тоа Џанпаоло сака да врати со позитивни резултати.