ПСВ ќе се обиде да донесе фудбалер на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер на почетокот на сезоната влеа голема надеж во младите фудбалери.

Токму поради нив не донесе замена за некои од играчите кои го напуштија клубот, но тоа му се одби од глава затоа што младинците барем на стартот не ги исполнија очекувањата, со исклучок на Мејсон Гринвуд.

Еден од играчите од кого се очекуваше многу е Тахит Чонг, млад холандски фудбалер кој игра по крилните позиции.

19 годишниот фудбалер се уште не е подготвен за почести настапи во првиот тим, тоа се виде и на натпреварите на кои доби шанса, па токму затоа ќе биде пратен на позајмица во јануари.

Интерес за него има од редовите на ПСВ тим кој серизоно го посакува за следните шест месеци кои ќе преостанат од сезоната кога во јануари ќе се отвори преодниот рок.