Сисоко потпиша за Тотенхем, а Арсенал му е во срцето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еве една изјава на довчерашниот фудбалер на Њукасл.

Беше драматично синоќа, последното засилување во Премиер лигата е Муса Сисоко кој потпиша за Тотенхем во „минута до 12“.

Сепак, многу навивачи на Тотенхем ќе му замерат  на изјавата која ја даде пред неколку месеци зборувајќи за италијанските медиуми.

Сисоко истакна дека Арсенал му е омилен клуб, а многу добро знае колку не се поднесуваат овие две страни.

„Сите тоа го знаат, секогаш зборував кога бев млад. Арсенал е клубот на моето срце, најмногу поради тоа што таму играа Французи како Вилтор, Анри, Виера, Пирес….“, рече пред неколку месеци Муса Сисоко.

Можеби очекуваше трансфер во Арсенал овој француски репрезентативец, но се случи трансфер во лутиот ривал.