Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Џејдон Санчо во моментов ужива во Германија и со своите игри од ден на ден си ја зголемува цената и го засилува интересот за него од големите тимови.
Дека Борусија Дортмунд нема да издржи од „нападите“ на великаните кои ќе дојдат, кога тогаш, по потписот на младиот Санчо е свесен и спортскиот директор на клубот, Микаел Зорц.
„Ниту една одлука не е донесена. Но, не мора да бидете пророк за да сфатите дека тој нема да игра овде уште пет години. Има позитивен напредок во Дортмунд, се сомневам дека тоа ќе беше така во англиските топ клубови. Ние им веруваме на играчите многу рано и не се плашиме да ги пуштиме да играат. Тој го цени тоа“ –истакна Зорц за „Кикер“.