Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона изминатиот викенд на домашен терен ја победија Севиља со убедлива победа од 4:0.
Каталонскиот клуб конечно одигра добар натпревар, а сите 90 минути на теренот ги помина и Меси кој имаше мала повреда. Исто така, на тимот му се придружи и Осман Дембеле кој постигна одличен погодок за 3:0.
Меѓутоа, во финишот на натпреварот Дембеле доби директен црвен картон затпа што му приговараше на судијата Мигел Лахоз.
„Лош си, многу си лош“, му рече Дембеле на главниот судија кој тоа не можеше да му го опрости и му покажа директен црвен картон.
Веднаш после оваа случка, Џерард Пике и Лионел Меси пробаа да го одбранат Дембеле и му кажуваа на судијата дека тој не му рекол директно нему дека е лош, туку дека говорел општо за целата ситуација која моментално се случува.
Но, Лахоз не отстапи од своето мислење што Дембеле ќе го чини најверојатно два пропуштени натпревари. Меси дури проба и да му објасни на судијата дека Дембеле воопшто не зборува на шпански, но ни тоа не му успеа на капитенот на Барселона.