Нови проблеми за Солскер, Де Геа се повреди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во недела го игра големото дерби против Ливерпул, а се чини дека би можел да биде додатно ослабен за овој меч.

Солскер веќе е без неколку играчи кои се повредени, а синоќа доби нови лоши вести.

Имено, на натпреварот во квалификациите за Европското првенство помеѓу Шведска и Шпанија, голманот Давид де Геа во 60. минута мораше да го напушти теренот поради повреда.

Тој одлично бранеше се до тој момент и неколку пати ја спасуваше својата репрезентација пред Швеѓаните да постигнат гол во 50, минута.

Допрва треба да се утврди сериозноста на повредата, инаку Де Геа ги бранеше сите досегашни натпревари на Јунајтед во Премиер лигата.