Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо наскоро би можел да се врати на тренерската работа, откако речиси една година е без ангажман по отказот од Манчестер јунајтед на крајот на 2018 година, а во последно време се поврзува со преземање на Тотенхем.
Тотенхем лошо тргна во новата сезона, па играат многу слабо и менаџерот Маурицио Покетино, наводно, се наоѓа на раб на отказ.
Англиските медиуми стигнаа до информации дека раководството на лондонскиот клуб го контактирало Мурињо, па се работи на негов ангажман.
Тотенхем следниот меч го игра на домашен терен против Вотфорд, а нов кикс би значел и отказ за Покетино, а Мурињо веќе подготвен чека на работата.