Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер најави дека Давид Де Геа и Пол Погба дефинитивно ќе го прескокнат натпреварот со Ливерпул.
Норвежанецот исто така ги коментираше шансите за останатите фудбалери, пред се, Антони Марсијал и Арон Ван Бисака да бидат спремни за натпреварот.
„Давид треба да оди на скенер. Мислам дека /е го пропушти натпреварот. Пол имаше повреда, се врати на терените и работеше напорно. Беше на скенер по натпреварот со Арсенал и можеби му требаат неколку недели да се одмори, се надевам нема да биде долго, но и тој нема да е подготвен за овој натпревар“ –изјави Солскјер.
Тренерот на Јунајтед потоа зборуваше за можноста Марсијал, Шо и Ван Бисака да бидат во составот за Ливерпул.
„Не можам да ви кажам со 100% сигурност кој ќе биде подготвен. Се надевам дека Арон и Антони ќе бидат во комбинација на последниот тренинг предвиден за селекција“ –заврши Солскјер.