Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата која од клупата ја предводи Алан Пердју добро работеше во ова лето, а малку недостасуваше за преодниот рок да го затворат со уште едно одлично засилување.
Кристал Палас лошо ја отвори сезонат бидејќи постигнаа само еден гол во три кола и освоија истотолку бодови.
Алан Пардју го реши прашањето на наефикасноста, а се чека опоравувањето на Џејмс Томкикс кој стигна од Вест Хем па одбраната да биде поквалитетна.
На Викам во шпицот на нападот ќе се придружи Кристијан Бентеке, за чие ангажирање екипата од Селхрст потроши рекордна сума на пари, а стигна на едногодишна позајмица и Лоик Реми од комшискиот Челси.
Останаа без Боласи (Евертон), него ќе го менува Таундсенд (Њукасл), а популарниот Парс сакаше уште еден офанзивен играч за врска пред самиот крај на преодниот рок.
Наводно на прагот од клубот беше фудбалерот на Сантос и новопечен репрезентативец на Бразил Лукаш Лима.
Постигна и осум голови во најквалитетното фудбалско натпреварување во Бразил, а со своите добри партии го привлече вниманието и на поранешниот селектор на Бразил Карлос Дунга.
Доби и повик и за Копа Америка, а од 2015 година во дресот на Кариорикте одигра 11 натпревари. Запиша и два погодоци во националниот дрес.
Пардју го сакаше како засилување со цел да ја засили креативноста на својата екипа, нема сомнеж дека 26-годишниот Бразилец одлично ќе соработуваше со Бентекe и Реми, но понуда од 15 милиони фунти за управата на Сантос се чинеше премала.
На екипата од Палас останува да проба да го ангажира во јануарскиот преоден рок, ќе видиме дали ќе успее во тоа или решение за недостанокот на креативност во средниот ред ќе побара на друго место.