Зидан призна дека се сретнал со Погба и откри што се случувало меѓу нив!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кажа дека се сретнал со фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, но тоа било случајно.

Зидан во петокот се најде пред претставниците на медиумите, откако беше објавена информација дека имал средба со Погба во Дубаи.

„Тоа беше чиста случајност. Се сретнавме и разговаравме, но ако ве интересира нешто повеќе од тоа, јас нема да ви кажам. Се знаеме долго, секако дека ќе размениме некој збор“, откри Французинот.

Новинарите ги интересираше и што мисли Зидан за одложувањето на „Ел Класико“, а Французинот призна дека постои дебата и кажа дека ќе играат кога ќе биде решено.