Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Денес се одигра дерби натпреварот во Премиер лигата на Олд Трафорд помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а на трибините беше и Жозе Мурињо.
Некогашниот тренер на Црвените Ѓаволи кој денес работи како стручен коментатор во БеИн Спорт, беше во просторот предвиден за оваа телевизија, а навивачите тоа и го забележаа.
Кога го здогледаа, се свртеа и му пружаа голема поддршка, а Посебниот на ова знаеше да возврати.
Инаку, Мурињо на клупата на Јунајтед помина две ипол години и со клубот освои неколку трофеи, а клупата ја напушти пред скоро година дена.
Сигурно дека овој потег од страна на навивачите покажува дека сеуште исклучително го ценат, иако можеби и не покажа големи резултати, какви што сите очекуваа од него.