Милан во борба со Интер за искусен фудбалер на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иван Ракитиќ, кој го носи дресот на Барселона, би можел да го напушти клубот во јануари, откако за неговите услуги интерес покажаа италијанските клубови Интер и Милан.

Шпански „Спорт“ пишува дека Ракитиќ ќе замине уште во јануари, а во борбата за неговиот потпис се вклучи Милан, па директорот Звонимир Бобан постојано контактира со својот сонародник.

Милан игра катастрофално сезонава, па се надева дека со ангажирањето на Ракитиќ ќе добијат посилен среден ред и ќе почнат да запишуваат победи.

Сепак, „росонерите“ ќе имаат конкуренција од Интер, кој долго време е заинтересиран за Хрватот, како и неговиот соиграч Артуро Видал.

Ракитиќ е подготвен за нова авантура и не е задоволен во Каталонија, зашто не добива доволно голема минутажа кај тренерот Ернесто Валверде.