Болидите во Ф1 во 2021 година ќе изгледаат навистина – волшебно! (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Управата на Формула 1 (Ф1) официјално ќе ги претстави новите правила, кои на сила ќе почнат да важат на почетокот на сезоната 2021 година.

Во Ф1 решија да променат многу правила, за да можат трките да бидат повозбудливи, па така да се прекине доминацијата на неколку екипи.

Обично доминираат Мерцедес, Ферари и Ред Бул, но сега целта е и тие „помалите“ екипи да имаат шанса да се борат за самиот врв.

Покрај тоа, во 2021 година ќе имаме и поинаков дизајн на болидите, кои ги воодушевија фановите, кои едвај чекаат да почне новата сезона.

Ф1 на офицјиалната страна ги потврди промените на дизајнот на болидите, кој ќе биде користен од 2021 година, а објавија и фотографии од нивниот изглед.