Солзи и паника на „Гудисон парк“: Сон со опасен старт му скрши нога на Гомез (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навистина непријатна сцена беше забележана во финишот од мечот меѓу Евертон и Тотенхем на „Гудисон парк“, кадешто фудбалерот на домаќините, Андре Гомез заработи страшна повреда.

Гомез тргна во акција кон голот на гостите од Лондон, но Хеунг-Мин Сон со намера да го запре стартуваше жестоко и му ја скрши ногата.

Никој не помисли дека Гомез е потешко повреден, но набрзо сите почнаа да се фаќаат за глава, а Сон се расплака како мало дете, откако виде дека му буквално му виси ногата на Гомез по неговиот старт.

Веднаш почна паника, па сите фудбалери не можеа да веруваат што се случува, а на теренот влезе медицинската помош, која успеа да го изнесе Гомез надвор од теренот.