Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Унаи Емери потврди дека Гранит Џака ќе добие санкција и повеќе нема да биде капитен на клубот.
Тренерот на Арсенал потврди дека го информирал фудбалерот дека нема повеќе да е капитен на клубот.
Џака не е во составот за дуелот со Виторија Гимараеш во рамките од Лига Европа, а се уште не е познато кога ќе се врати во првиот тим.
„Се уште мора да направиме уште еден чекор со него. Тој не е со нас овде затоа што мислам дека му треба време. Најпрво мора да биде смирен и да тренира со нас секој ден. Зборував со него денес и одлучив тој да не биде капитен на нашата група. Сам го одлучив тоа и му го кажав ова утро“ –истакна Емери.