Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денешните натпревари во Лигата на шампионите ни донесоа вистинско уживање во екстра возбудливи средби на кои имаше многу пресврти.
Се чини најинтересно беше на „Стемфорд Бриџ“ каде Челси и Ајакс ги поделија бодовите играјќи натпревар со осум погодоци (4:4). Ајакс дојде до водство со автоголот на Абрахам, а Жоржињо израмни на 1:1.
Потоа следеа три гола на Ајакс преку Квинси Промес, Кепа (аг.) и Дони ван де Бек. Кога се чинеше дека Ајакс ќе победи, следеа два црвени картони за гостинскиот тим, Челси се отвори па со головите на Аспиликуета, Жоржињо и Џејмс стигна до израмнување на резултатот.
Одличен меч беше одигран и на „Вестфален“ кадеБорусија Дортмунд славеше против Интер со 3:2. Гостинот од Италија по првото полувреме имаше предност од 2:0, но „милионерите“ со три гола во вториот дел го свртија резултатот.
Резултати:
Ливерпул- Генк 2:1
Лион- Бенфика 3:1
Наполи –Салцбург 1:1
Валенсија- Лил 4:1
Челси- Ајакс 4:4
Борусија- Интер 3:2