Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Челси Н`Голо Канте во ова лето можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Францускиот репрезентативец во минатата сезона експлоадираше во дресот на Лестер, а меѓу понудите од Челси и Манчестер Јунајтед ја избра таа од Стенфорд Бриџ.
Самиот фудбалер раскажа на англиските медиуми дека лично Жозе Мурињо го повика по телефон и го убеди да дојде на Олд Трафорд…
„Повикот на Мурињо беше пријатно изненадување, иако и порано слушнав дека се интересира за мене“, рече Канте.
„Проба да ме убеди да дојдам во Јунајтед и ми зборуваше за предностите во оваа одлука. Меѓутоа, во тој момент бирав меѓу продолжување на кариерата во Лестер и премин во Челси. Преговорите беа во полн ек, а Конте беше многу убедлив“.
Дваесет и пет годишниот Французин потекна во Булоњ, а играше уште за Кан и во минатата сезона за Лестер.
https://www.youtube.com/watch?v=WBaNGuxE69c