Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиски Вулверхeмптон е на прагот до нокаут-фазата во Лигата на Европа и тоа откако ја победи Слован Братислава.
Тие запишаа минимален триумф во четвртото коло од групата К, благодарение на голот на Раул Хименез во втората минута од судиското надополнување.
Меѓутоа, во 80. минута Хименез учествуваше во инцидентот поради кој средбата беше продолжена за дури 12 минути.
Ѕвездата на Вулверхемптон се обиде со „ножички“ да испрати удар кон голот на гостите, но со нога го удри гостинскиот фудбалер Кенан Бајриќ.
Бајриќ без свест падна на тревата, а помош му се даваше дури 11 минути, пред да биде изнесен на носилки од теренот, по што беше потврдено дека имал потрес мозок.