Наполи потврди дека ќе го казни нашиот Елиф Елмас


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Наполи и официјално преку своите гласила објави дека ќе го казни нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас ќе добие казна затоа што разговарал со некој новинар без да добие дозвола од клубот.

„Наполи може да потврди дека Елиф Елмас разговараше со медиумите без дозвола од клубот. Наполи затоа ги задржува правата да го казни играчот“ –стои во соопштението на италијанскиот клуб.

Се очекува казната да биде парична и Наполи да удри по џебот на нашиот репрезентативец.