Јувентус веќе стапил во контакт со фудбалерот на Манчестер Јунајтед


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Од редовите на Јувентус стапиле во контакт со агентот на младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг.

Холандскиот фудбалер кој важи за еден од најголемите таленти од академијата на „ѓаволите“ има договор со клубот до крајот на оваа сезона, а некои медиуми пренесоа дека тој не планира да го продолжи неговиот договор.

Тоа планира да го искористи Јувентус кој сака да го донесе Чонг во своите редови и веднаш да го вметне во првиот тим.

Нешто слично Јувентус направи и со Пол Погба кој го напушти Јунајтед како слободен агент и се пресели во Торино, за потоа неколку години подоцна да направи 100 милиониски трансфер назад на „Олд Трафорд“.