Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан очигледно не е задоволен со нападот на неговата екипа, па според шпанските медиуми Французинот сака да донесе нов напаѓач, кој ќе му биде од помош на Карим Бензема.
Тоа најверојатно ќе биде Криштоф Пјонтек, кој не може да ја пронајде голгетерската форма во Милан сезонава. Управата на „росонерите“ и тренерот Стефано Пиоли не се задоволни од него, па би можеле да го продадат.
Неодамна се шпекулираше дека ќе го испратат на позајмица, доколку во клубот се врати Златан Ибрахимовиќ, а сега се зборува и за трансфер, но „кралевите“ ќе мора да платат 40 милиони евра за него.