Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот Sport Express пишува за тоа дека еден репрезентативец на оваа земја наскоро можно е да направи трансфер во Јувентус.
Играчот за кој станува збор е 24-годишниот Алексеи Миранчук, везниот на Локомотив Москва.
Наводно, Миранчук го „ополномоштил“ еден италијански менаџер да преговара со Старата дама за трансферот и договорот.
Првите контакти се веќе поставени, а до трансфер евентуално можно е да дојде следното лето или на зима во 2021. година.
Исто и италијанскиот Sport Mediaset пишува за интересот на Јувентус околу Миранчук, а според пишувањето на споменатиот медиум, Старата дама веќе го „резервирала“ рускиот везен. Евентуалната цена на трансферот сеуште не е позната.
Договорот на Миранчук со Локомотив важи до летото во 2021. година.
Алексеи Миранчук оваа сезона запиша 16 настапи нза Локомотив во сите натпреварувања, има постигнато осум погодоци и три асистенции.