Икарди и Ди Марија донесоа победа за ПСЖ во дербито против Лил (Видео)

Тимот на ПСЖ забележа уште една победа во францускиот шампионат, овој пат на дерби пресметката против Лил.

Актуелниот франуцски шампион славеше со 2:0, а двата погодоци паднаа во првото полувреме.

Најпрво резултатот го отвори Мауро Икарди кој игра во извонредна форма и за кого ова беше 11 гол во новиот клуб, а победата ја потврди Анхел Ди Марија кој исто така игра во одлична форма во дресотна ПСЖ.