Ќе грми „Јане Сандански“: Вардар пушти дополнителни билети за мечот со Веспрем!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар последниот меч од Лигата на шампиони го игра следниот викенд против Веспрем, па европскиот шампион реши да пушти и дополнителни билети бидејќи цела сала беше распродадена.

Вардарци пуштија дополнителни билети чија цена ќе изнесува 150 денари, а нема сомнеж дека и тие карти ќе бидат продадени затоа што владее голем интерес за споменатиот меч, кој се игра на први декември во 17 часот.

Речиси секогаш СЦ „Јане Сандански“ е исполнета кога ќе гостува некој гигант во Скопје, додека за останатите натпревари има помал интерес.