Еурофарм Пелистер го засили ростерот со францускиот среден бек Саду Нтанзи. 26-годишниот ракометар потпиша договор на една сезона со битолскиот клуб, пренесува SportSport.
Нтанзи доаѓа во Битола од германскиот бундеслигаш МТ Мелсунген и е еден од ретките француски ракометари кои ќе настапуваат во Македонија. Кариерата ја градеше во школата на Пари Сен Жермен, каде помина четири години и ги мина сите младински категории на француската репрезентација. Со ПСЖ освои четири титули во првенството на Франција, како и еден Куп и Суперкуп.
По Париз следеа Феникс, унгарската Татабања, катарскиот Ал Араби и минатата сезона МТ Мелсунген, со кој се пласираше во Лигата на шампионите откако клубот ја освои Лигата на Европа. Висок е 183 сантиметри.
Според МКД.мк, Нтанзи пристигнува како замена за Омер Мехмедовиќ, кој по околу два месеци го напушти Еурофарм Пелистер без официјален настап за клубот. Официјалната презентација на новиот среден бек се очекува по неговото пристигнување во Битола.
















