Девојката на фудбалер на Лестер нападната со мачета додека гола лежела во кревет


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во куќата на младиот фудбалер на Лестер, Демаре Греј упаднале четири непознати лица за да извршат грабеж.

Инцидентот се случил пред  шест месеци, а сега 22 годишната девојка на играчот, Ема Хикман сведочеше во судот во Бирмингем за целиот овој настан.

Четирите лицавлегле во куќата додека таа целосно гола спиела со своето дете во креветот.

„Спиев кога некој влезе во мојата соба. Прво што видов беше маж со мачета во рацете. Не носев облека,  па останав под покривачот. Напаѓачите рекоа дека нема да ме допираат, но и се закануваа на мајка ми. Ми беше наредено да не семрдам и прашаа каде ми се парите и накитот. Им покажав каде се и зедоа Ролекс часовник и рекоа дека моето момче може да ми купи нов ист таков“- истканала Хикман на судењето.

„Сан“ пренесе дека Демаре Греј останал полесен за околу 24.000 фунти. Крадците набрзо биле фатени и сега ги очекува соодветна казна за делото.