Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал играат очајна сезона, а навивачите сметаат дека главниот причинител за тоа е Унаи Емери.
Навивачите на тимот од Лондон бараат Емери да биде заменет, но тоа сеуште се нема случено.
Наводно, навивачите веќе ги имаат изгубено нервите, па така посетата на натпреварот во Европската Лига против Антрахт ќе биде мизерна, што би требало да биде јасен знак до управата на клубот дека потребна е промена.
Сепак, околу целата ситуација изјава даде и Емери, а може да се каже дека малку ги испровоцира навивачите.
„Мојата желба е навивачите да му помогнат на членовите на тимот, бидејќи моментално сме им најпотребни. Нашата самодоверба зависи од тоа како се чуствуваме на домашен терен со нашите навивачи. Сепак, тимовите кои доаѓаат на наш терен со помалку публика од нашата влеваат страв кај играчите и тоа мораме да го промениме“, изјави Емери.
Дали тренерот на Арсенал мисли дека навивачите не нудат доволна поддршка на своите играчи и дека тоа е причината за лошите партии, останува да видиме.









